Press "Enter" to skip to content

Денес само еден позитивен на ковид-19, хоспитализирани 4 пациенти, активни 18 случаи

Во последните 24 часа се направени 4.370 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19 од кои од Битола е   1 случај.

Регистрирани се 7 оздравени пациенти, нема регистрирани од Битола.

До сега во Битола има регистрирани 6.304 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 18 случаи.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19.

Пријавено е 1 починато лице, нема од Битола.

Направени се преку  ЦЈЗ Битола 85 и преку “Плодност“ 106 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 831.031 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.528, бројката на оздравени пациенти е 149.619, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 438.