Со неколку активности вечерва во Малата сала на Центарот за култура во Битола беше одбележан Денот на државноста на Република Хрватска и во Битола, кој ги организираше хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“.
На ова одбележување присуствуваше и амбасадорката на Република Хрватска – Н.Е. г-ѓа Нивес Тигањ, градоначалниците на општините Битола и Новаци, претставик на опптина Солин од Хрватска, членови на хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“ и други гости, во намален број поради почитување на ковид мерките.
Во име на домаќинот, хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“, на гостите им се обрати координаторот на центарот Бранко Маретиќ, која рече дека среќен иако во едно нови услови на живеење во Битола го прославуваат Денот на државноста. Иако клапата и гостите од Солин патуваа долго сепак тие вечерва ќе го разубават овој ден, кој е многу значаен за Хрватска и Хрватите, без разлика каде се наоѓаат.
Амбасадорката Н.Е. г-ѓа Нивес Тигањ во своето излагање прво им го честита Денот на државноста на сите Хрвати во Македонија, а потоа се заблагодари на гостопримството во Битола од страна на сите кои ја организираат оваа прослава. Сега Хрватска не е во црвената зона поради ковид состојбата и затоа ги поканувам сите кои се заинтересирани за одмор или за бизнис да дојдат во Хрватска.
Се обратија и гардоначалничката на Битола, Наташа Петровска и директорката на Центарот за култура во Битола кои го честитаа празникот по повод Државноста на Хрватска и посакаа идната година да продолжи старата традиција на одбележување, со многи гости, контакти и други средби.
По повод Денот на државноста на Република Хрватска, беше организирана и културно уметничка програма во која настапија далматинската женска вокална група “Тамарин“ од Солин, Хрватска. Промовирана беше и книгата на Зоран Пејковски “Хрватските театарски актери и режисери кои работеле во Македонија од 1913 до 1941 година.
Бранко Маретиќ и претставник на градот Солин доделија и благодарници и статуетки на Солин на хрватската амбасадорка Тигањ, градоначалничката Петровска и директортката Маја Андоновска – Илиевски.
Гостите од Солин приредија презентација на далматински специјалитети – изработени од страна на здружението „Солињани“.
Текст и фото: Сашо Ристевски

Денот на државноста на Хрватска, одбележан и во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Коњановски во посета на ЈП “Паркинзи“ и КЈП “Нискоградба“
- Компаниите од КС Групација со подароци за среќните пронаоѓачи на светиот крст во Битола
- Икона од Св. Нектариј Битолски и 20.000 денари награда за Христијан Бошевски
- Алушовски го одработи првиот тренинг со тимот на Еурофарм Пелистер
- Во Битола сончево со мала облачност, утре снег, температурата до 3 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Изложбата „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“ ќе биде поставена до крајот на јаниари во Завод и музеј Битола
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
- Зимска приказна во Битола на осум локации, 200 часа програма, 67 бендови и над 20 соло изведувачи…
- Ана Талевска од Битола со инструменталната оркестарска верзија на “Рождество Твое, Христе Боже наш“
- Божиќен концерт со кој се празнуваше раѓањето Христово – “Свет, Свет, Свет“ (фотогалерија)










