Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Јонче Илиевски на Хималаите го посети споменикот на татко му и го освои Исланд Пик на 6.189 метри (фото)

-Синот на Муратот, Јонче Илиевски член на ПСД “Димитар Илиевски“ од Битола, го оствари својот сон, го посети споменикот на татко му Димитар Илиевски – Мурато, на Хималаите и го освои Исланд Пик на височина од 6.189 метри, врв на Хималаите, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското спортско новинарство, за подвигот на Илиевски. Она што го имам запишано во мојот новинарски дневник тоа било голема желба на Јонче да дојде до споменикот на Мурато на Хималаите, кој остана таму, по освојувањето на Монт Еверест во 1989 година, која и се остварила во 2011 година. Јонче тоа го направи во рамките на бугарска трекинг експедиција, а целата експедиција траела 20 дена, од кои 18 дена на Хималаите.-Првата и основна идеја и цел ми беше да стигнам до 4.500 метри височина, а со искачувањето таму и положувањето на цвеќе на споменикот јас го остварив мојот сон кој го имав од мал и како претставник на моето семејство го посетив тоа значајно место за нас, ќе ни каже тогаш Јонче.Јонче престојот на Хималаите го искористи да биде првиот битолчанец кој се искачил на врвот, Исланд Пик, на височина од 6.189 метри. Тоа не било алпинистичко искачување, туку трекинг тура, која е напорна и тешка и за тоа тренирал напорно од јануари. Јонче заедно со петнаесетина планинари од целиот свет, на врвот пристигна во осум часот.