На 12.06.2021 во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 49 годишник затоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.06.2021 на аголот од ул.„Кочо Палигора“ со ул.„Кичевска“ во Битола, полициски службеници од Одделот за недозволена трговија при СВР Битола пронашле едно пакување со марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.06.2021 во СВР Битола, С.Ј. од Битола пријавил дека на ул.„Охридска“ во Битола бил физички нападнат неговиот внук. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.06.2021 во СВР Битола, Б.Т. (40) од Битола, пријавил дека во с.Лавци, по претходна расправија, едно лице се обидело да го повреди со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






