Press "Enter" to skip to content

На завршниот младински ракометен турнир екипата на Еурофарм Пелистер 2 и браќата Илиевски како судии

Утре во Велес се игра завршницата од разигрувањето за титула во ракометната младиснка лига, за која беа пријавеи 24 екипи, распоредени во 4 групи по региони, а во секоја група имаше по шест екипи.  Од групата “Б“, Еурофарм Пелистер 2 оствари победи на сите пет меча и тоа убедливи, а според резултатите екипата од Битола е една од фаворитите во завршницата.Покрај екипата на Еурофарм Пелистер 2 на младинскиот турнир Битола ќе има и претставници и во делењето на судиската ракометна правда, а тоа е бидат браќата Методија и Михајло Илиевски, кои ќе го судат натпреварот од полуфиналето помеѓу Скопје и Борец и натпреварот за третото место.

More from ВестиMore posts in Вести »