“Ротаракд Широк Сокак“ од Битола донираше во ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола и ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски“- Битола, оддел Гинекологија. Овој пат донирани се три прочистувачи за воздух и два апарати – средства за дезинфекција односно безконтактни механички диспензери .
Во период каде што сме на крајот со битката против ковид-19 нашиот клуб повторно не ги заборава хероите во истата, овој пат со различна донација од претходно.-Донацијата е во вредност од 40.000 денари, финансирани од членови од клубот, а набавени од “SenGroup.mk“ и “Синпекс“. Како координаторка на проектов, инспирирана од квалитетниот кадар од јавното здравство со кој имавме успешна соработка како и водени од приоитетите, јавното здравје и чистиот воздух, чест е што придонесуваме за поквалитетен престој и заштита на пациентите, докторите и најмладите битолчани во здравствените установи во нашиот град, рече Ангелина Стојаноска.
-Наша задача како општествено одговорен клуб е да се грижиме за подобро утре, така оваа донација нема да биде последна во здравствените институции во Општина Битола, рече Дејан Петровски, претседател на “Ротаракд Широк Сокак“ за 2020/2021 година.