Press "Enter" to skip to content

Втора премиера на “Прикованиот Прометеј“ во избедба на матурантите од Горната Гимназија од Битола (фотогалерија)

Претставата е подготвена со помош на актерот Никола Стефанов во поглед на актерски и режисерски аспект, а во главната улога на Прометеј беше Љубен Најдовски и Стефан Васиќ.

Синоќа во античкиот анфитеатар во Хераклеја, кај Битола се одигра втората премиера на претставата “Прикованиот Прометај“ во изведба учениците, матуранти од  IV-5 Од Гимазијата “Јосип Броз Тито“ од Битола. Претставата е подготвена под менторство на професорката Софија Бејковска и со помошта на актерот Никола Стефанов.-Во рамна земја далечна или некаде близу, деспотски закони ги косат човечките хоризонти. Крикот против тиранијата го заробува Прометеј на виорна карпа, но го прави и прв затвореник на сопствената совест. Божјото во него е гордо што огнот на смртните бестрашно им го предаде, а човечкото во нас ја трпи неговата болка. Што заслужи Прометеј како непријател Зевсов, а што како добродател човечки? Колку власта на едниот е далеку од ропството на другиот? Боговите можеби ќе откријат, но каде се луѓето во целата приказна?, на овие прашања одговија, низ преставата ги дадоа учениците од IV5 од Горната Гимназија до Битола. Менторот на претставата, професорката, Софија Бејковска, за оваа изведба вели:-Претставата беше можеби нашата заедничка, најсветла точка во текот на целата криза со која се соочувавме и индивидуално и глобално. Овој производ излезе и како одговор на таа криза, изобилувајќи со многу детали и философски размисли. Прометеј, нашиот јунак во трагедијата, бунтовник против боговите, а спасител на луѓето, иако окован, не ја губи сопствената моќ, љубов, жар во мислите, ниту пак честа и достоинството, туку продолжува до самиот крај да го избрани она за што е окован – светлината на луѓето, а со тоа и нивните знаења и вештини. Но, некогаш знаењата на луѓето можат да им донесат и ужасни немири, војни и кризи. Тогаш кога бунтовникот мора да застане под црното знаме, знамето без симболи, знамето на тагата, а воедно и непокорот и неприпаѓањето. Борбата за подобар ден на луѓето мора да продолжи и додава:-Претставата можеби нашата заедничка, најсветла точка во текот на целата криза со која се соочувавме и индивидуално и глобално. Овој производ излезе и како одговор на таа криза, изобилувајќи со многу детали и философски размисли. Улогите ги толкуваат Прометеј – Љубен Најдовски и Стефан Васиќ, Власта – Викторија Јовановска, Хефајст – Леонид Сајков, Океан – Ивана Стојановска, Ијо – Ана Марија Наумовска, Хермес – Леонид Сајков, Хорот – Вероника Павловска, Јована Николовска, Марија Марковска, Викторија Јовановска, Ивана Стојановска и Ана Марија Наумовска. -Митот за Прометеј потекнува од антиката, но неговата тема е безвременска, а особено актуелна сега кога целиот свет се најде во пандемија која му ги ограничува слободите, вели Љубен Најдовски.

-Претставата се подготвуваше уште од ноември минатата година, долг процес на работа во тек на пандемија и по различни протоколи. Актерите-матурантите, во тој период се подготвуваа со маски на отворено, со маски на затворено, на растојание и преку “он-лајн“ платформата MS Teams, вели директорката на Горната Гимназија, Фанија Наумовска.Музичката поддршка е обезбедена од Георги Симјановски, а претставата е помогната од општина Битола, ЈП “Комуналец“, Народен театар Битола, “БВ Инжинеринг“, “Матекс“, свеќарата “Канделис“ и модното студио “АА Андреј и Ангела“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »