Press "Enter" to skip to content

Еден оздравен од ковид-19 во Битола, нема нови позитивни, активни 15 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19, во нив нема лица од Битола.

Регистрирани се 18 оздравени пациенти од Битола е само еден оздравен пациент.

За Битола е истите бројки на лица кои досега биле позитивни на ковид-19, а бројката е 6.304, а активни се 15 случаи.

Не се регистрирани нови починати лица.

Направени се преку: ЦЈЗ Битола 36 и преку “Плодност“ 80 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 844.654 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројката на оздравени пациенти е 149.708, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 413.

More from ВестиMore posts in Вести »