Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“: екипи на претријатието работат на изнаоѓање на дефектот на “Прилепска“

Екипите на ЈКП “Водовод“ Битола веќе 18 часа работат на изнаоѓање дефектот на главната водоводна мрежа F150, на потегот од кружниот тек на влезот кон градот до детската градинка “Пролет“ во Битола.-Дефектот може лесно да се санира, но тешко е да се пронајде. Ситуацијата е комплексна бидејќи водата која истекува се влева директно во канализационата мрежа. ЈКП “Водовод“ од Битола им се извинува на граѓаните поради долгиот прекин во водоснабдувањето, а екипите ќе останат на терен се до изнаоѓањето и санирањето на дефектот, се вели во соопштенито на ЈКП “Водовод“ од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »