Министерот за здравство Венко Филипче денеска по посетата на Здравствениот дом во Битола, “Д-р Хаим Абраванел“ каде направи увид на работите кои до сега се завршени во внатрешноста на “Уредот“, и оствари средба со директорката на Здравствениот дом, Весна Спиркоска, медицинскиот персонал и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.
По посетата на Здравствениот дом во Битола, “Д-р Хаим Абраванел“, министерор на “фејс бук“ напиша:
-За првпат после 70 години Здравствениот дом во Битола, д-р Хаим Абраванел доби нов изглед. Во проектот комплетно се обновени внатрешните простории, ходниците, работните простории, педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија и делот кадешто се чуваат вакцините од редовниот календар. Дополнително, Здравствениот дом ќе добие ново амбулантно возило преку донација за Здравствениот дом во Битола и целосна замена на кров.

Министерот Филипче во посета на Здравствениот дом во Битола, “Д-р Хаим Абраванел“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Нема “карти“ за вечното ракометно карти Еуеофарм Пелистер – Вардар во Битола, веднаш распродадени
- Деновиве пред 10 години: пропадна камион на Широк Сокак во Битола
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 13 степени
- Пелистер не се снајде во завршницата на натпреварот, ТФТ победи во Битола (фотогалерија)
- Пелистер Волеј од Битола победи во Скопје за крај на есенскиот дел од сезоната





