Press "Enter" to skip to content

КУД “Илинден“ со голем концерт во Пацио со 140 учесници (фото)

КУД “Илинден“ од Битола синоќа ја започна своја концертна сезона со големиот концерт кој се одржа во прекрасниот амбиент на Пациото на Завод и Музеј Битола и на кој настапија над 140 членови од овој ансамбл.

-Навистина сум горд на моите “Илинденци“ што ја продолжуваат 66 годишната традицијата на нашето друштво и во квалитет и во квантитет, совладувајќи ги сите предизвици продолжувајќи да бидат горди чувари на македонската традицијата, истакна на почетокот на концертот Антонијо Димитровски, Претседател на КУД “Илинден“ Битола.

На концертот настапија шест детски групи, како и дел од Главниот фолклорен ансамбл.

-На програмата имавме ора од сите краеви на Македонија: Шетано, Пајдушко, Белчишко, Буките, Црногорка, Ситна Лиса, Сплет на игри од Источна Македонија…што е само дел што овој ансамбл го негува на својот репертоар. На сцената продефилираа околу 140 членови на Детскиот и Главниот Фолклорен ансамл, како и членови на оркестарот,  изјави Александар Стефановски, уметнички раководител на КУД Илинден Битола.

More from КултураMore posts in Култура »