Press "Enter" to skip to content

Синоќа, многу битолчани во црквата “Св. Троица“ во Буковска населба (фотогалерија)

Синоќа во црквниот комплекс “Св. Троица“ кој се наоѓа кај населбата “Буковски ливади“ до Битола, имаше многу верници кои дојдоа во црквата да запалат свеќа и да се помолат, а простигнуваа од Битола уште од попладнето кога беше одржана и богослужбата, па некаде до полноќ, а членовите на Црковниот одбор очекуваат верници да има и денес, во чест на празникот Духовден.Црковниот одбор, свештениците и верниците се погрижија како и секогаш црквата и црковниот двор да бидат беспрекорно чисти, а верниците како и секоја година во голем број ја посетуваат оваа црква.-Денешниот ден е посветен во слава и чест на Светата Педесетница или слегувањето на Светиот дух врз Апостолите. Црквата “Св. Троица“ во населбата “Буковски ливади“ по повод храмовиот празник секоја година традиционално се одбележува свечено, со молитва и Света литургија. Вечерва служевме Мало Повечерие, во слава и чест на Светата Педесетница, и бевме удостоени со нашиот претпоставен Архиереј, Неговото високо Престенштвенство Митрополитот, Преспанско-Пелагониски, Господин Петар. Утре продолжуваа чествувањата и славата на празникот со Света Божествена Литургија. Овој храм не е посетен само за денешниот ден, туку и секоја недела и секој празник. Затоа, со народот Божји кој е тука, заеднички се помоливме на Господ Бог, да ни биде здрав и жив народецот, наш Македонски, долговечен, многудетен, и Господ Бог да дава мир, здравје и спасение на сите, ни рече синоќа, протоереј Цветко Тасевски од Буковската парохија “Св. Троица“.Црковскиот одбор во состав Богоја Ристевски, Зоран Ризовски, Маријан Кочовски и Трајче Ѓоревски, заедно со кумовите денес ќе поделат храна, која според протоколите за заштита од ковид-19 ќе биде запакувана и ќе го нема традиционалното манастирско гравче.-И сами гледате колкав народ има вечерва собрано тука што за населбата и црквата е голема чест. Ние сме најблиската црква “надвор од градот“, а сме само на неколку минути возење со автомобил. Тука има луѓе од населбата, но има голем број од “градот“ кои тука доаѓаат пешки вечерва. За жал како и минатата година нема музичка група и се она што се случуваше во дворот изминатите години, кога и јас бев дел од организацијата како кум, вели Александар Чурановски, кој живее близу до црквата, кој дадава е дека ова е можеби најголемиот црковен собир во Битола, и не верувам дека во еден манастир се собираат толку битолчани. Во дворот го немаше и традиционалното оро, во се “фатени“ сите од “годините порано“, но сепак тука за децата беше организиран панаѓур и се израдуваат и на некоја ситница која им ја купија бабите и дедовците, како и “шеќерната волна“ на Раде.

Фото: Дамјана Ристевска