Press "Enter" to skip to content

Со помош на Општина Битола за нивна обука, 25 сертифицирани негователки ќе им помагаат на лица на кои им треба помош

После тримесечна теоретска и практична обука, денес на 15 негуватели им беа доделени сертификати, со кои се потврдува дека истите се лиценцирани за давање услуги на лицата кои што ќе имаат одредена потреба.

До крајот на годината уште 10 лица ќе имаат можност да се стекнат со ваков сертификат.

Негувателите ќе бидат соодветно и препознатливо облечени, опремени со медицински помагала, како апарати за мерење шеќер, притисок, прва помош итн.

Обуката за негуватели за помош на стари лица и лица со попреченост се реализираше во Црвениот крст Битола, а истата е дел од проектот во вредност од 450.000 денари кој го реализира Општина Битола преку програмата за социјална заштита.

На овој начин се решава проблемот на голем број лица кои имаат потреба од користење на одредени услуги од здравствените установи или Центарот за социјална работа. Негувателите ќе им дадат помош и на старите лица, или лицата со попреченост, онаму каде што нема кој да им даде домашна поддршка, при соодветна терапија или друга потреба.