Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Ачимо, Горан и Грбе подготвени за “Pelister Ultra-Trail®“

В сабота на 26 јуни ќе се одржи една од двете трки “Big Lake Trail 18K“ во рамките на “Pelister Ultra-Trail®“, која е в организација на “Bitola Outdoor Festival“ од Битола, а тројца битолчани веќе ја направија генералната проба за учество на оваа планинска маратонска трка, на која сигурно нема да бидат единствени битолчани, туку и други веќе ги прават последните подготовки.Ристо Акимовски – Ачимо, Горан Петровски и Кире Грбевски во саботата ја истрчаа патеката од ски-центарот „Ниже Поле“- на Стрежево преки познатиот Дебел Рид се до најмаркантниот заштитен знак на Пелистер – Големо Езеро.Ова на Горан Петровски нема да му биде прво учество на ваква планинска трка, а додека на Грбевски и Акимовски ќе му биде дебитанстка трка. Акимовски сигурно ќе биде највозрасен натпреварувач, кој е во одлична физичка кондиција, кој секојдневно трча по 30-40 километри и учествувал на урбани маратони во Битола и во други градови. Додека Грбевски, како професор по физичко, фудбалски тренер, редовно тренира, но и тројцате не кажуваат ништо за нивните учекувања од трката во сабота.

More from СпортMore posts in Спорт »