Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарено “рено 9“, син нападнал татко по расправа со сопругата, повреден пешак на “Партизанска“

На 21.06.2021 во СВР Битола е пријавено дека во атар на село Кажани, на м.в. Кажански гробишта, настанал пожар во патничко возило возило во движење „Рено 9“, со битолски регистарски ознаки, сопственост на 54 лице од село Ѓавато. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 21.06.2021 во СВР Битола 65-годишен жител на Битола, пријави дека на 18.06.2021, по претходна вербална расправија со неговата сопруга, бил физички нападнат од неговиот син,  кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 21.06.2021 во 13.47 часот било пријавено дека во Битола на ул. „Партизанска“, мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, управуван од 28 годишник  од Битола удрил во пешакот на возраст од 74 од Битола. Во незгодата пешакот, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.