Press "Enter" to skip to content

Со “Кармен“, денес, се отвора 22. Меѓународен фестивал на монодрамата во Битола

На сцената на Народниот театар во Битола, под мотото “Зад затворени врати“, денес свечено ќе започне 22. по ред фестивал на Монодрамата во организавија на Центарот за култура во Битола, на кој ќе бидат изведени десет драми во официјална конкуренција, сите од домашна продукција.

Драмски театар Скопје ќе го отвори Меѓународниот фестивал на монодрамата во Битола со претставата „Кармен“, од шпанскиот автор Мигел Делибес, а во режија на Дејан Пројковски. Претставата „Кармен“ е исповед на една жена за нејзините неостварени желби и соништа преку кои влегуваме во светот на малограѓанштината, лажниот морал, општествените заблуди, просечноста и ниските страсти. „Кармен“ ја толкува актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Раде Василев, а композитор на музиката е Горан Трајкоски.

Десет драми се во официјална конкуренција на 22. издание на Фестивалот на монодрама кој од 22 до 27 јуни, а ќе бидат изведени на сцените на Центарот за култура, битолскиот Народен Театар, Бифе сцената и сцената во пациото при Заводот и музеј во градот. 

22 јуни 2021, вторник

20 ч. Свечено Отворање

22 ч. Пацио на НУ Завод и Музеј, .„ ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ“ 2-Човекојадство“
од Лу Син, режија-Ѓорги Ризески, актер-Бобан Алексоски, продукција на Независен театар “Златен Елец“ од Скопје

23 јуни 2021, среда.

20 ч. Пацио на НУ Завод и Музеј  „ИЗБУВЛИВИОТ ЧОВЕК “ од А.П.Чехов режија-Перо Даниловски, актер-Ефтим Гаурскипродукција-НУЦК “Бели Мугри“ Кочани

22 ч. Сцена Театар-Бифе “КРОТКА“ од Ф.М. Достоевски режија-Дејан Ангелов актер-Стојан Велков, Независна продукција на Здружение за култура “Транзен“- Струмица

24 јуни -2021 – четврток

20,00 ч Сала на Народен театар, „ПЕТТОТО ГОДИШНО ВРЕМЕ“, Танц теартарски перформанс, автор-Сашо Димоски, адаптација и режија-Васил Зафирчев, изведува-Олга Панго, продукција Театар Ј.Х-Џинот-Велес

22 ч. Сцена на Театар Бифе, „НАЈЛОН“, сценарио и режија-Благој Мицевски кореограф и танчер-Валентино Апостоловски, Независна продукција

22,30ч. Сцена на театар Бифе „ ЗОО ПРИКАЗНА“ од Едвард Олби, авторски проект на Здравко Стојмиров

25 јуни 2021 , петок

20 ч. Сцена Театар- Кафе, „ПРВО ЛИЦЕ ЕДНИНА“, авторски текст од „Приказни за бунтовни девојчиња“ Режија-Драгана Стојчевска Гунин, Актер-Владанка Димковска, Независна продукција во копродукција со Театар Куманово

22 ч .Пацио на Завод и Музеј, „ИСМЕНА“, автор-Катерина Момева, режија-Елеонора Теова
музика и интерпретација-Сашко Костов, актер-Моника Ставревска, во копродукција на Велешки театар

26 јуни 2021, сабота

12 ч. Театарско бифе, Театарски кафе-муабети, Офф програма

20 ч. Сцена Театар -Бифе, „ЛИДИЈА ИЛИ СЀ ШТО ЗНАМ ЗА ЖЕНИТЕ“ по романот на Тихомир Јанчовски, режија и актерска игра-Игор Трпчески, Театарска Работилница Прилеп

22 ч. Голема Сцена на Центар за култура, „ПОСЛЕДНАТА ЛЕНТА НА КРАП “ од Семјуел Бекет, режија и изведба-Ѓорги Јолевски, копродукција на Македонски Народен театар од Скопје и Перипетија Продукција од Скопје

27 јуни 2021, недела

20 ч. Сала на Народен театар, СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ и доделување на наградите

Претстава во чест на наградените „ЛУДИ ЗА ЉУБОВ“ авторски проект на Хари Михајловски,по текст „Луди за љубов“ од Сем Шепард, во режија на Јован Ристовски ,а играат Борис Чоревски, Илина Чоревска, Хари Михајловски и Валентино Апостоловски.

Претседател на жири комисијата ќе биде Весна Петрушевска, а членови Тодор Кузманов театарски критичар и Љупчо Ѓоргиевски режисер од Битолскиот театар. Ќе се доделат награди за најдобар акатер, награда од публиката, награда за најдобра режија и Гран при која покрај статуетката носи и награда од 30.000 денари.

More from КултураMore posts in Култура »