Press "Enter" to skip to content

Џудо клубот Пелистер со три медали на државното првенство во Прилеп

Џудо Клуб Пелистер од Битола на државното првенство за пионери и одржано во Прилеп освои 3 медали, една златна и две сребрени.Никола Стојковски освои прво место, Јаков Мицевски второ место, а на второ место се пласира и Марија Бојаџиева.-Со оглед на тоа како работевме изминатата година, во ковид услови, со редуцирани тренинзи, а долго време и без тренинзи, задоволни сме и со тоа што конечно се одржаа борби во џудо. Секако дека ако се беше во ред ќе имавме десетина џудисти на натпреварувањето, но како реков задоволен сум, рече Ѓуро Илиќ, тренер на џудистите на Пелистер.

More from СпортMore posts in Спорт »