Press "Enter" to skip to content

Денес три монодрами на Фестивалот на монодрама во Битола

Денес, четврток, на програмата на Фестивалот за монодрама ќе бидат изведени три монодрами, во НТБ Битола и Театар Бифе.

Во 20 часот, во салата на Народен театар – Битола, ќе биде изведена монодраната “Петтото годишно време“ – танц теартарски перформанс, автор-Сашо Димоски, адаптација и режија-Васил Зафирчев. Изведувач е Олга Панго, а е во продукција на театар “Ј.Х-Џинот“ од Велес.

Во 22 часот на сцената на “Театар Бифе“, ќе биде изведена монодрамата “Најлон“ по сценарио и режија на Благој Мицевски кореограф и танчер Валентино Апостоловски. Монодрамата е во продукција на “Независна продукција“.

Во 22,30 част исто така на сцената на “Театар Бифе“, ќе биде изведена “ЗОО приказната“ од Едвард Олби, авторски проект на Здравко Стојмиров.