Денес продолжува Фестивалот на монодрамата во Битола, а ќе бидат изведени две монодрами, а организаторот ќе одржи и прес конференција за досегашниот тек на Фестивалот и претставата со која ќе го затвориме годинешното 22 издание на Фестивалот на монодрама.
Денес, во 20 часот на сцената на “Театар- Кафе“ ќе биде изведена монодрамата “ПРВО ЛИЦЕ ЕДНИНА“, авторски текст од “Приказни за бунтовни девојчиња“ во режија на Драгана Стојчевска Гунин. Актер ќе биде Владанка Димковска, а монодрамата е во продукција на “Независна продукција“ во копродукција со Театар од Куманово.
Во 22 часот во Пацио на Завод и Музеј – Битола, ќе биде изведена монодрамата “ИСМЕНА“, од авторот Катерина Момева и во режија на Елеонора Теова. Музиката и интерпретацијата е на Сашко Костов, а актер е Моника Ставревска. Монодрамта е во во копродукција на Велешки театар.