Press "Enter" to skip to content

По подолго време, денес еден позитивен на ковид-19, активни случаи 7

Според денешните податоци од ИЈЗ, министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.239 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола е 1 нов позитивен.

Регистрирани се 13 оздравени пациенти, нема од Битола.

До сега во Битола има 6.305 лица позитивни на ковид-19, а активни се 7 случаи.

Регистрирани се 3 починати лица, нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 867.233 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.663, бројката на оздравени пациенти е 149.946, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 233.