Press "Enter" to skip to content

Чешмата кај Офицерски го доби новиот лик, донација од Ротари клубот Битола (фотогалерија)

Членовите на Ротари клубот Битола, денес имаа средба со изведувачите на работите околу комплетната реконтрукција на чешмата кај Офицерскиот дом во Битола, која ќе биде нивна донација. По повод завешувањето на градежните работи на чешмата кај Офицерски, претседателот на Ротари клубот Битола, Никола Главинче рече:-Денес беше извршен увид на градежните работи и беше пуштена водата со што чешмата се враќа во функција. Ротари клубот Битола реализира еден значен проект за обнова на еден од симболите на градот.  На реконструкцијата и претходеше собирање на средства, изготвување на проект, добивање на конзерваторско одобрение, склучување на договор со Општината Битола за донација и одредување на изведувач, кој додаде:-Значењето на проекот е повеќекратно. Освен материјалната страна и во фактот што се обединивме во афирмиација дел од богатото културно историско наследство на нашиот град – музеј, тоа треба да делува и поттикнувачки и кај други општествено одговорни фактори, организации и поединци и следење на нашиот пример за реализација на ваков и сличен вид на проекти кои само го потврдуваат значењето  на Битола и вредностите кои таа ги има.  Инаку, оваа чешма е култно место и има посебно значење за голем број на битолчани.Изведувачот на работите беше компанијата “Аттар“ ДОЕЛ Битола, а нивниот претставник, Фатих Максур, кој објасни што се сработено рече:-Сите оштетени делови на чешмата најпрво се отстранија, потоа се санираа сите делови со истата гранулација и со истата техника со која е градена чешмата, и ја доби оригоналната форма и квалитет. Чешмата е реконтруирана согласно како била порано односно кога се градела.Заштитната ограда ќе остане додека  се изведуваат градежните работи за партерот кои се во тек заради заштита.Финансиските средства се обезбедени од ротаријанците на РК Битола, пријатели на клубот, Сојузот на РК на Македонија, а свое учество имаа и Здружението на пензионери и неколку граѓани.Инаку, ова е еден од поголемите проекти на РК Битола, а иницијативата за реализација на истиот започна при одбележувањето на 20 годишнината од возобнувањето на Ротари клубот Битола во 2018 година.