Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанец од на “стоп листа“ фатен на ГП Делчево со 56 илјади евра, автобус излетал од патот

На 25.06.2021 на Граничен премин Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода лице од Битола затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп листата поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При преглед во неговото возило „бмв“ со бугарски национални ознаки биле пронајдени 56.200 евра без доказ за потекло.  Возилото и парите биле предадени на Царинската управа, а лицето било приведено.  По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.06.2021 околу 06.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај село Алинци, автобус со албанска национална ознака излетал од патот. Во незгодата возачот на автобусот од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди, додека тројца патници сите од Албанија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »