Press "Enter" to skip to content

Во дворот на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола, едукативно игралиште – учиме низ игра

Училиштето е институција во која учениците минуваат голем дел од денот – не само во текот на наставата, туку и после настава. Тоа е своевидно збиралиште на сите кои живеат во околината. Речиси и да нема период од денот кога тоа е празно, па така е и во ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола за време на летниот распуст. Како внатре, така и надвор училиштето треба да биде примамливо и убаво катче за учениците.На тимот од наставници и ученици од петто и шесто одделение се приклучија и поранешни ученици од училиштето, па со малку труд, боја и креативност се доби едукативно игралиште.-Игралиштето се наоѓа на патеката на училишниот двор, а наменето за најмалите ученици. Играта е важен дел од когнитивниот развој на децата. Едукативното игралиште, преку физички и ментален ангажман, дава можност за развивање на нови моторички и социјални вештини и способности за решавање на проблеми преку игра, вели директорката на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола, Гордана Анастасова и додава:-Навигацијата низ шемите на игралиштето им помага на малите деца да ја развијат својата координација и моторни вештини. Вештините што ги учат преку физичка игра се важни за нивниот социјален развој бидејќи игрите се осмислени да поттикнат социјализација. И најбитно, игрите придонесуваат за поедноставно учење и совладување на основните поими: помало – поголемо, подолго – пократко, лево – десно, поимот број, парни и непарни броеви, основни геометриски фигури, основни бои и сл.

More from ВестиMore posts in Вести »