Press "Enter" to skip to content

“Спорт Талент“ во рамките на проектот “Trainer 1.0 Beta“ одржа обуки во Битола и Кратово

ЗССД “Спорт Талент“ од Битола како партнер во проектот “Trainer 1.0 Beta“, во соработка со своите партнери од неколку Европски земји, подготви неколку практични тренинг материјали и решенија за четири различни спортови. За курсевите и нивната припрема беа задолжени експерти од партнерски организации. Со цел  реализација на обуката и курсот за кошарка во пракса “Спорт Талент“ потпиша договори за соработка со две различни спортски/кошаркарски клубови и тоа од Битола со КК Хераклеа и од Кратово со УСК “Кочо Рацин“.

Комплетните обуки беа изведени во еднонеделен период, паралелно во двата града, во извонредна атмосфера и предводени од нивните тренери и ментори, Зоран Петковски (екс професионален кошаркар) од КК Хераклеа од Битола, како и Драги Иванов, Далибор Трајчев и Христина Младеновска Кузмановска од УСК “Кочо Рацин“ од Кратово.

Заклучоците од овој одличен проект се пред се да се подигне свесноста на идните професионални кошаркари, тренери или спортски работници, а сегашни ученици во основно или средно училиште дека после завршувањето на каква и да е спортска кариера следува потреба од професионален живот во можеби сосема друга област и затоа едукацијата, образованието и сопствениот развој на секое поле не треба никогаш да застани.

Соработката со новите партнерски клубови само што започна и на заедничко задоволство ќе продолжи и во иднина на проекти во кои се застапени освен спротот, исто така и младите, здравиот начин на живот и развој.

More from ВестиMore posts in Вести »