Press "Enter" to skip to content

Еден нов позитивен во Битола на ковид-19, активни 8 случаи

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 2.514 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од кои од Битола е 1, а бројот на активни случаи е 8.
 
Регистрирани се 11 оздравени пациенти, нема од Битола.
 
Не се регистрирани починати лица.
 
Направени се преку ЦЈЗ Битола и “Плодност“ 47 ковид тестови.
 
Досега во земјата се направени вкупно 872.894 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 228.
More from ВестиMore posts in Вести »