Press "Enter" to skip to content

Уште двајца го напуштија Пелистер, Нето во Азербеџан, Фазлиу во Македонија ЃП

ФК Пелистер од Битола го напуштија уште двајца фудбалери. Од клубот си замина Алдаир Нето, кој среќата ќе ја побара надвор од Македонија. 26-годишниот офанзивец немаше договор со битолчани и како слободен замина во Азербејџан. Ги следеше стапките на неговиот соиграч Омар Гудиаби, па потпиша договор со екипата на Кешла до крајот на сезоната. Нето во Македонија играше за Пелистер и Шкендија, но на вкупно 18 натпревари даде само еден гол. Беше дел и од Бангор Сити, Гафања, Маритимо Б, Фатима и Оеирас.

Љавдрим Фазлиу повеќе не е дел од Пелистерм тој ја напушти Битола и сега е член на екиоата на Македонија ЃП, со кој потпиша договор и ќе биде во нивниот напад.  21-годишниот офанзивец одигра 32 натпревари во најквалитетната македонска фудбалска лига на кои постигна два гола и додаде три асистенции. Фазлиу е производ на фудбалскиот клуб Работнички каде се афирмира како првотимец. За него Македонија ЃП ќе биде трета станица во кариерата.

More from ВестиMore posts in Вести »