Press "Enter" to skip to content

Елизабета Кочева Јосифовска – маркетинг менаџер во “ЈК Травел“: примамливи туристички понуди, чартер програма, “last minute“, различни дестинации…

Летната сезона само што започна и моментално најактуелна тема се летувањата, односно каде најубаво, најбезбедно и по прикладни цени ќе се летува.  После година во пандемија  минатата сезона голем дел од граѓаните останаа дома.  Ова лето 2021 и летните дестинации во други земји и одмор на море сите го посакуваат, за да се  одморат од  тешка година во пандемија и она што го донесе со себе.  Заради тоа овој разговор го направивме со Елизабета Кочева – Јосифовска маркетинг менаџер во туристичката агенција “ЈК Травел“, вистинска личност  која ни даде детални и опширни информации за летните аранжамани и дестинации за оваа летна сезона.После корона криза и  пандемијата голем  дел од граѓаните  сакаат да се одморат, релаксираат од се што донесе претходната година.

Лето 2021 каков е интересот за туристичките понуди на “ЈК Травел“ и кои дестинации ги бираат граѓаните?

-Летната сезона е во полни ек и ако направиме споредба сo претходна година интересот,  побарувачката за туристичките аранжмани кои ги нуди “ЈК Травел“ е голема. Можам да кажам дека граѓаните не се плашат да патуваат надвор од државата. Омилена дестинација и земја број еден  соседна Грција како и секоја така и оваа година, со попуштање на мерките и отварање на границите. Исто така интересни и примамливи уште во месец јуни беа промотивните понуди за Турција односно чартер програмата  за Турција со “all inclusive“ аранжаманите. Порано за нив беше заинтересирана помладата популација, но сега имавме и многу фамилијарни тури. Потоа тука е Албанија која се бира за летување, заради тоа што не се потребни сите оние  документи поврзани со PCR-тест, сертификат за прележан ковид или вакцина. Исто така, тука се понудите за  Црногорскло приморје. Потоа  Египет, Хургада која како атрактивна туристичка дестинација беше многу барана 2019 пред пандемија, но сега заради  безбедносни причини во однос на здравство, сигурност или високи температури  овој период,  побарувачката е намалена. Особено актуелни се т.н. „last minute“ понуди,  кои ги објавуваме една недела пред терминот, по  доста  пониски цени. Моментално одиме  со големи попусти. За нив има голем интерес. Имаме интересни понуди за домашен туризам, планински, алтернативен во секој дел на нашата убава земја. Ќе кажам дека имаме примамливи понуди за сите дестинации кои ќе ги посакаат граѓаните.Еве во оваа прилика низ разговорот ќе дадеме информации за секоја  дестинација за ова лето 2021 пооделно. Но би кажала дека подетални информации околу понудите можат сите заитересирани да ги добијат во просториите на ТА “ЈК Травел“.

Грција земја број еден  дестинација за летување на  нашите граѓани…

-Оваа година во соседна Грција беа многу строги мерки повразни со пандемијата и не се знаеше кога ќе се отвори границата. Сега веќе со нејзино отворање интересот е многу голем. Заради некои дезинформации кои се ширеа до неодамна, во оваа прилика ќе  информирам поопширно. Ќе кажам дека влегувањето во Грција не е така комплицирано и тешко како што се наговестуваше на почетокот на сезоната. Сега веќе со отворањето и попуштање на мерките ќе може да се патува и летува во оваа земја со оваа процедура. Најпрво треба да имате резервација и еден документ со основни податоци за секој кој патува, кој се пополнува он-лајн. Потоа за слободно влегување потребни се: негативен PCR тест или може  брз тест за ковид-19, документ за прележан ковид или  сертификат за примена вакцина.  Сите вакцини се признати. Сместувањето е апартманско или хотел по желба. Инаку  сме една од агенциите со најголем  број закупени вили со апартамани во соседна Грција. Тука ќе истакнам дека на  почетокот на сезоната цените беа малку покачени, но со промотивните понуди ососбено “last minute“ цените се скоро исти како и претходните сезони. За сите резервации имаме организиран превоз и ќе ги споменам закупените вили на Јонско море и Врахос со организиран превоз.

Цените на сместувањето гледаме да се  достапни за поголем дел граѓани. Иако се очекуваше зголемување на цените, во однос на храна пијалоци, нема такво нешто . Нема покачување или тие покачувања се  мали, и секако зависи на кое место се конзумираат. Во однос на храната гиро, пијалок, кафе се останува исто како и претходните години. Гиро 2,5 евра еспресо 1,5 или 2 евра зависно од местото каде ќе го пиете. Гратис лежалка со кафе, редовна дезинфекција со строго почитување на сите протоколи. Забрана за движење од едно место во друго нема, маски се задолжителни при влегување во затворен простор супермаркет, аптека… Маски на плажа не се носат.  Карактеристично е што најповеќе за летување во соседна Грција се бара апартманско сместување во вили. Туристите кои се задоволни од сместувањето резервираат на исто место, вила или дури и соба каде летувале претходните неколку години.  Тоа посебно не радува, бидејќи нас најважно ни е клиентите да се задоволни.Албанија лето 2021…

-Како што истакнав  и на почетокот, за оваа соседна земја влезот е слободен, односно не се потребни документи во однос на негативен PCR тест, примена вакцина и слично. Заради ова и Албанија беше  актуелна  претходната сезиона при што туристите кои летуваа таму се запознаа со современо уредените хотелски ресорти и градовите Ксамил, Драч, Валона, Дерми, Химаре  како туриситички дестинации и  убавините на Јадранско и Јонско море.  И оваа година  имаме понуди за хотелско  сместување во сите овие градови кои ги наведов. За Ксамил и Саранда нудиме апартманско сместување со наш организиран превоз.

За разлика од Турција хотелското сместување во Грција е поскапо, но има одредена  клиентела која го бара.Турција примамлива за туристите со чартер програма,  “аll inclusive“ во современи хотели и ресорти.  Кажете повеќе околу ова?

 Со чартер програмата оваа сезона уште на почетокот на месец јуни се направи бум и голема побарувачка за овој вид аранжмани. Групи туристи кои се вратија се  презадоволни. Оваа чартер програма вклучува летување во Анталија, Кемер, Аланија, Сиде, а цената на  оваа чартер програма или аранжман, сега изнесува 375 евра за 6 ноќевања по лице во кое се вклучени  авионска карта, транфери, тестови, сместување и цел “all iiclusive“ аранжаман, оброци со закуски имеѓу нив,  одредени коктели, пијалоци во секое време до 24 часот, кои не мора да се доплаќаат.  Кога се во прашање протоколи запаземни се сите мерки, се мери температура, редовна дезинфекција на собите.  Туризмот во Турција е  развиен на многу високо ниво и ќе кажам дека  нивните хотелски ресорти се огромни и нудат забава за секого, секој хотел има своја програма со прерформанси, претстави, занимации за различни возрасти, хотелски аква паркови, за гостите да имаат незаборавно летување.  Секојдневно има нови промоции, со можност   што поголем број луѓе да си дозволат овој вид летување. Каков е интересот за домашен туризам оваа година?

-Како и претходната година Охрид, Преспа, Дојран имаме соработка и понуди за сите хотели во нашата земја. Интерес има, но не како минатата година, но очекуваме дека ќе се зголеми со ваучерите кои ги нуди Владата, тоа се оние кои  се плашат да патуваат во странство. Минатата  година  со кампањата “Македонија каква што не ја знаеш“  нашите езера, Мариово и филмскиот мост, планиснки туризам станаа атрактивни за многу туристи кои не ги знаеја. Алтернативниот  туризам  параглајдинг, јавање коњи, изработување на филиграни, готвење и искусување на нови необични искуства  Многу млади бараат ваков вид на туризам со интересни искуства,  кое порано беше карактеристично во понудите  за странските туристи.Егзотичните дестинации Малдиви,  Доминикана, Сејшели и  интерес за нив оваа сезона?

-Овие  дестинации кои ги нудиме се интересни, и ќе кажам дека цените за разлика од претходни години не се толку високи и се подостапни.  На пример Малдиви аранжманот со вклучен чартер лет и 6 ноќевања со доручек 1знесува 800 евра, а Сејшелите 1200 евра. Потоа тука се Доминикана, Бали, Занзибар… интересот е помал за разлика од другите дестинации, заради високи температури овој период или голема далечина.Кажете ни околу плаќањето­?

Плаќањето е на 8 рати со туристичкиот  кредит од СН финансии, без камата, договор се склучува преку СН Финансии.  Можност за плаќање и  преку синдикат,  а имаме склучено договори скоро со сите  синдикални организации преку кои оди плаќањето. На овој начин со можност на плаќање на рати без камата им овозможуваме летниот одмор да им биде подостапен за плаќање на нашите клиенти. Летото само што започна секој спрема својата замисла за летување во некоја дестинација. “ЈК Травел“ ви овозможува тоа да го реализирате на најлесен начин, со сите информации кои ви се потребни. Имајте убав одмор со нашата агенција. 

Жанета Ристевска