Press "Enter" to skip to content

Кугларите на Пелистер втори во Купот, а двете екипи од Битола изборија меѓународни натпреаврувања (фото)

По завршувањето на сезоната две екипи од Битола кои го носат името Пелистер, машката и женската, ќе играа на меѓународни натпревари.

За прв пат во кугларската историја, во Битола беше одиграно кугларското финале на Купот на Македонија, во кое победник беше екипата на Макпетрол. На Ф4 завршницата, Макпетрол беше најуспешен со 3.435 поени, второто место му припадна на домашниот тим на Пелистер (3.275), трет беше новиот шампион Вардар (3.185), додека последната позиција му припадна на тимот на ГТЦ Мусандра (3.055).

По завршувањето на Купот беа доделени пeхари, медали и плакети. Признанијата ги додели Игор Михајловски, потпретседател на КФСМ. Беа доделени и медали и пехари за најдобрите три екипи во лигата оваа сезона Шампион – Вардар, Макпетрол второ место, Пелистер – трето место, како и за поединци.Најдобар играч во македонската кугларска лига за сезоната 2020/21 – српскиот репрезентативец, Урош Јаглишиќ кој игра оваа сезона за Макпетрол. Најдобра кугларка во  македонската кугларска лига  сезона 2020/21 – македонската репрезентативка Данче Наумовска која игра за  ГТЦ – Мусандра

Пласман за европските купови остварија четири машки екипи (Вардар, Макпетрол, Пелистер, ГТЦ Мусандра) и две женски (ЖКК ГТЦ Мусандра и ЖКК Пелистер). Согласно најавите, Вардар како шампион ќе кугла на Светскиот куп во Хрватска, Пелистер на Европскиот Куп во Словенија, Макпетрол и ГТЦ на NBC во Германија.

Наредните два викенда во Битола ќе се одиграат државните првенства во категорија до 18 и до 23 години.

More from ВестиMore posts in Вести »