Press "Enter" to skip to content

“Некои луѓе“ победници на турнирот во бељот во организација на Ротаракт клубот Битола (фото)

Во организација на Ротаракт клубот Битола се одржа турнир во бељот на кој учествуваа 16 тимови по двајца бељотчии, а се одржа на пешачката улица, покрај реката Драгор, кај дрвеното мовче во Битола. Победници на овој турнир е тимот на “Некои луѓе“, кои во финалето ја победија екипата на “Деветка спатија“. -Ова е прв турнир во бељот кој ние го организираме, а се пријавие 16 екипи, кои уплатија котизација по 300 денари, а вкупната сума од пријавите и од спонзорите ќе ги донираме. Имеме некои прелози каде ќе донираме, а ќе одлучиме сите заедно. Што се однесува пак до атмосферата, беше онака како и замислувавме, на ниво кое го посакувавме, под сенка, покрај Драгор, со јадни пијалоци, обезбедени од Ротаракт клубот и од кафулето “Портал“.  Имавме и доста спонзори, кои помогнаа и логистицки и со награди за првите три места, вели Арон Павловски, претседател на Ротаракт клубот Битола.Од Ротаракт клубот Битола, како велат, веќе се прави планот за нов турнир на есен, а секако турнирот да биде традиционален.

 

More from ВестиMore posts in Вести »