Press "Enter" to skip to content

Претседателски медал за Гувернерот на Дистрикт 132, Марјан Талев (фотогалерија)

Во саботата на 26.06.2021 година во Битола се одржа 15-тата јубилејна Националана конвенција на Сојузот на Лајонс клубови на Северна Македонија, Дистрикт 132, на која присуствуваа Гувернерот на Дистркт 132, Марјан Талев, член на ЛК “Хераклеа“ од Битола , поранешни гувернери на Дистриктот, лајонс делегати, членови и гости од Ротари клубот Битола од Битола.Исто така Конвенцијата преку видео зум, беше поздравена и од страна на поранешните интернационални претседатаели на Lions International PID Сандро Кастелана и PID Фил Нејтн.Во свечениот амбиент на летната бавча на ресторанот “Гранд Арена“ свое обраќање и извештај за фискалната лајонистичка 2020-2021 година имаше Гувернерот на Дистркт 132, Марјан Талев. Тој меѓу другото истакна:-Поради пандемијата со Ковид 19, зад нас  ставаме една особено тешка и специфична година е само во општественото живеење , туку и во сервисирањето на лајонс активностите . Но, и покрај тоа голем е бројот на лајонси и клубови кои несебично чекореа по патот на лајонизмот и волонтеризмот , реализирирајќи голем број на хуманитарни настани и активности. Имено во лајонистичката 2020-2021 година во Дистрикт 132 се опслужени
 12.619 лица, реализирани 258 сервисни активности, донирани 24.000 американски
долари.На највредните и најзаслужни лајонси во Дисрикт 132 од страна на Гувернерот им беа доделени награди и признанија.  Од страна пак на Интернационалниот претседател на Lions International, со седиште во Чикаго УСА , Јунг Јул Чои за особени заслуги , Гувернерот Марјан Талев и Секретарот Маја Костовска беа наградени со највисокото признание -Претседателски медал.Исто така избраната Гувернерка за наредната лајонистичка 2021-2022 година, Лајон Весна Пацаноска од ЛК Прилеп, од Прилеп пред присутните ја презнтираше својата програма за работота и го претстави својот Кабинет.Во церенонијалниот дел на Конвенцијата Гувернерот Мајрјан Талев , на веќе избраната Гувернерка, Весна Пацаноска, и го предаде знамето на Дистриктот и гувернерскиот ѓердан.Свеченоста беше заокружена во духот на фудбалската еуфорија од актуелното Европско првенство во фудбал, со акукција на дресот на нашата фудбалска легенда Горан Пандев, а собраните средства ќе бидат наменети за реализирање на лајонистички проект на Дистриктот.