Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападната битолчанка, син повредил татко, повреден пешак, викенд сообраќајни контроли

На 27.06.2021, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 25 годишник од Битола затоа што во угостителски објект на Градското шеталиште во Битола физички нападнал 2 годишна битолчанка од Битола. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.06.2021 во СВР Битола, 55-годишен жител од Битола пријавил дека во нивниот дом бил повреден со остар предмет од неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.06.2021 во 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Ресен, патничко моторно возило „форд фокус“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 26 годишник од Битола, удрило во пешак од Прилеп на 46 години. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

На 25, 26 и 27 јуни 2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 141 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 52 возачи управувале возило без возачка дозвола, девет возила биле со измината регистрација, пет возачи разговарале на мобилен телефон, 50 возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.