Press "Enter" to skip to content

Вчера и денес во Битола нема нови позитивни на ковид-19, нема оздравени, на инфективно само 2 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19, нема од Битола.

Регистрирани се 10 оздравени пациенти, а меѓу нив нема од Битола.

останува истата статистика за Битола 6.306 досега позитивни на ковод-19,  и активни  8 случаи.

Според вчерашните бројки на лекување на инфективното одделение во Битола, има двајца пацинти и двата се од Битола.

Не се регистрирани починати лица.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 48 и преку “Плодност“ 44 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 877.123 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.

 
 
 
More from ВестиMore posts in Вести »