Press "Enter" to skip to content

Милевски иницијативата која ја имаше како советник во Советот, сега како министер започнува да ја реализира

Пред можеби десетина години, сегашниот министер за локална самоуправа од Битола, Горан Милевски, тогашен советник во Советот на општина Битола, заедно со други советници, иницираше реконструкција на Калето над Битола, односно на црквата Успение на Пресвета Богородица, каде е крунисан Гаврило Радомир, син на Цар Самоил. Денес, мистерот Милевски со директорката на Музејот во Битола, Мери Стојанова, го потпиша договорот за подготвителни активности на реконструкција на Битолското кале, односно на поранешната, расрушена црква.-Ќе започнеме со конзерваторски истражувања кои опфаќаат археолошки истражувања, физички и хемиски анализи, историско уметнички анализи. Со истражувањето ќе се утврди точната година на градба, проширување на истражуваната област, обезбедување на сите потребни дозволи за изведување на реконструктивни активности и градба. Со ставање во функција со содржини и пристап, кои се неопходни за привлекување на туристи, Битола, град со 1.000 годишна традиција, ќе добие уште една примамлива дестинација која ќе привлекува туристи и ќе ја збогати конкурентноста на регионот, напиша денес Милевски на својот фејс бук профил.Калето се наоѓа над Геранските гробишта, на северозападната странаод Битола. Високиот рид  доминира над околината и има надморска височина од 894 метри, каде има две зарамнети платоа, со површина од околу 500 × 190 м, на кои се среќаваат остатоци од градежен материјал (речен и кршен камен, варов малтер, тули и имбрекси), како и фрагменти од керамички садови и има одличен преглед на Битола.Оттаму се гледа и цела Пелагонија, што само по себе е многу стратешко место. Пред некое време неколку битолчани поставија и параклис кај поранешниот олтар на Црквата.

More from ВестиMore posts in Вести »