Press "Enter" to skip to content

Продолжуваат заминувањата од Пелистер, Давор Талески во Струга, Дарко Илиевски во Словенија

Во услови кога се уште нема офоцијална информација како екипата на Пелистер од Битола ќе ја започне новата фудбалска сезона, официјални се само заминувањата од Битола, од под Тумбекафе.

Голманот Давор Талески во следната сезона ќе го брани голот екипата на Струга Трим Љум, и секако ќе биде нивно големо засилување за натпреварите на стружани на меѓународна сцена.  26-годишниот чувар на мрежата го напушти Пелисте по одлична сезона и беше еден од најзаслужните поединци на „зелено-белите“ во обезбедувањето на опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Претходно од Пелистер во овој клуб замина и Валентин Кочовски.

И стоперот на Пелистер, Дарко Илиески го напушти клубот и замина за Копер од Словенија.  Илиески беше столбот на одбраната во тандем со Драгарски кој веќе замина за Албанија, одигра одлична сезона, и беше дел од тимот кој успеа да обезбеди опстанок во Првата лига. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »