Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведено лице за упатување закани и опожарена куќа во Битола

На 28.06.2021 во СВР Битола бил лишен од слобода 39 годишник од Битола, поради основано сомнение дека на ул. “Климент Охридски“ му упатил закани на лице од Битола, на возраст од 40 години. По документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 28.06.2021 во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Мордо Нахмијас Лазо“ во Битола настанал пожар во куќа и помошна просторија, сопственост на М.Р. (49) од Битола. Во пожарот изгореле двете помошни простории, кровната конструкција и прозорците, а бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа при СВР Битола.