Press "Enter" to skip to content

Вчера започна првата фаза за прскање против комарци на територија на Општина Битола

 

Во периодот од 29.06.2021 (вторник) до 03.07.2021 (сабота), екипи на Центарот за јавно здравје ја спроведуваат првата фаза од теристичката (од земја) адултуцудна дезинсекција на територијата на  Општина Битола, со цел уништување на возрасните форми на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со оглед на тоа дека активностите се изведуваат во вечерните часови, возилото со апаратурата за дезинсекција, ќе биде предводено од друго возило со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со Оперативниот план и Програма, доставени до Општина Битола. Всушност опфатени ќе бидат сите населени места од влезот на градот (Горно и Долно Оризари) па се до село Жабени.