Press "Enter" to skip to content

Инженерски прстен за Марија Наумовска од Технички факултет од Битола за просек 9,95

На најдобрo дипломираните студенти на инженерските факултети, Претседателот Стево Пендаровски им го додели признанието Инженерски прстен. Меѓу 12-те  добитници на ова високо признание  е дипломираната студентка од Техничкиот факултет од Битола, Марија Наумоска, која своето образование го заврши со просечна оценка 9,95.Настанот се одржа во Кабинетот на Претседателот Пендаровски, кој воедно е покровител на оваа манифестација што се одржа по 18 пат, во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и инженери.Доделувањето Инженерски прстен освен  признание за најдобро дипломираните студенти од инженерските факултети претставува и своевиден поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.

More from ВестиMore posts in Вести »