Press "Enter" to skip to content

Продолжува мирен ковид период, во Битола нема нови позитивни и оздравени лица

И денес во Битола продолжува мирниот ковид период, кога нема се забележани нови позитивни на ковид-19, но нема ни оздравени, па така бројот на активни случаи во напиот град останува на бројката 8.

Инаку, Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.216 тестирања, а регистрирани се 2 нови случаи на КОВИД-19 од Скопје, а не се регистрирани оздравени пациенти, како ни починати лица.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 34 и преку “Плодност“ 20 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 879.339 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.684, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 223.

More from ВестиMore posts in Вести »