Press "Enter" to skip to content

И денес во Битола без нови позитивни на ковид-19, оздравени 3, хоспитализиран само 1 пациент, активни 5 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.531 тестирање, а регистрирани се 5 нови случаи на КОВИД-19, а меѓу нив нема од Битола.

Регистрирани се 86 оздравени пациент од кои од Битола се 3.

До сега во Битола 6.306 лица биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 5 случаи.

На инфективното одделение во Битола на лекување во дневната болница има само еден пациент. 

Пријавено е 1 починато лице од Виница.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 35 и преку  “Плодност“ 53 кови тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 881.870 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.689, бројката на оздравени пациенти е 150.063, на починати е 5.485, а бројот на активни случаи изнесува 141.