Press "Enter" to skip to content

Осум медали за гимнастичарите од Битола на државното “А“ првенство (фото)

Викендов, КГС Партизан од Битола беше организатор и домаќин на Државен натпревар во спортска гимнастика, на кој учество зедоа натпреварувачи од А лига во женска и машка конкуренција во категориите: помлади пионери/ки, постари пионери/ки, јуниори/ки, сениори/ки.На државниот натпревар учествуваа 6 клубови од државата и тоа: КГС Партизан – Битола, Соколи – Прилеп, Орце Николов – Скопје , КГС – Кочани, Атлета – Куманово, КГС – Партизан Ѓорче Петров – Скопје.Битолските гимнастичари/ки покажаа висока подготвеност и ги освоија следните места:
1. Ева Чулаковска – помлади пионерки, 2 место
2. Димитра Велјанова – помлади пионерки, 3 место
3. Леона Сара Палсдотир – јуниорки, 1 место
4. Марија Јовановска – сениорки, 1 место
5. Ана Пејчиновска – сениорки, 3 место
6. Стојанче Дамчевски – постари пионери, 1 место
7. Марко Димовски – јуниори, 2 место
8. Иван Крстевски – сениори, 1 место

More from СпортMore posts in Спорт »