Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден велосипедист на раскрсница “Климент Охридски“ и ул. “Пеце Матичевски“

На 30.06.2021 во 12.53 часот било пријавено дека во Битола, на раскрсницата од ул.„Климент Охридски“ и ул. „Пеце Матичевски“, патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 30 годишник од Битола удрило во велосипед, управуван од 62 годишен битолчанец.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »