Press "Enter" to skip to content

Времето во Битола сончево и посвежо со умерена облачност, утре посвежо за некој степен

Денес, петок, 2 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи, времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне можност за  развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата во Битола до 33 степени. УВ=8.Утре, сабота, 3 јули, времето во Битола ќе биде сончево со мала до умерена облачност и посвежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне моќност за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата во Битола до 29 степени. УВ=8