Press "Enter" to skip to content

Отворен граничниот премин Меџитлија, влез во Грција со сетрификат за вакцинација, ПЦР тест, брз тест или потврда за прележан ковид

Граничниот премин на македонско-грчката граница “Меџитлија“, во близина на Битола, е отворен, откако Грција ги отвори сите гранични премини за проток на патници. ГП “Меџитлија“ кој беше затворен за патнички сообраќај повеќе од една година од синоќа работи 24 часа за влез и излез.

Предуслови за влез во земјата, за да се ограничи ширењето на ковид-19, што е во сила до 8 јули 2021 година, за патување во Грција, е задолжителен е документ поврзан со ковид-19, сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот.

Што се однесува пак до потврдата за прележан ковид-19, важноста на документот издаден 30 дена по првиот позитивен резултат е до 180 дена по позитивниот резултат, а не од два до девет месеци како што беше претходно.