Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: Пронајдени кокаин и марихуана во Битола и ресенско

На 02.07.2021 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола по добиена судска наредба извршиле претрес на дом во Битола, кој го користи 38 годишно лице. При претресот се пронајдени и одземени околу 70 грама кокаин и 70 грама марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети. Против лицето по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 02.07.2021 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола и полициски службеници од ОВР Ресен по добиена судска наредба извршиле претрес на дом во с. Штрбово и при претресот е пронајдена марихуана. Претресот е извршен откако претходно лицето било приведено во близина на туристичката населба Отешево затоа што кај него била пронајдена дрога.