Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сообраќајка со две жртви на Ѓавато, приведување за поседување кокаин и четири физички напади

На 01.07.2021 во 22.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај превој „Ѓавато“, во близина на мостот над с.Кажани, се случила сообраќајна незгода помеѓу влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.С. (59) од Ресен и патничко возило „опел мерива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.С. (53) од Охрид. Од здобиените повреди на местото на незгодата починале двајцата возачи. Смрт констатирал лекар, а увид извршиле увидна екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се дадени за обдукција.

На 02.07.2021 од страна на полициски службеници при СВР Битола во ноќен клуб на Градското шеталиште во Битола бил лишен од слобода 27 годишник од Битола, кај кого при преглед биле пронајдени и одземени две најлонски опаковки со кокаин и банкнота со остатоци од кокаин. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.07.2021 во СВР Битола, 24-годишна жена од Битола пријави дека била физички нападната од друга 34 годишна жена, со кого живее во вонбрачна заедница во Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2021 во СВР Битола, 50 жена од село Буково, битолско, пријави дека на 30.06.2021 во дворот на нејзината куќа била физички нападната од страна на нејзината јатрва од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2021 во СВР Битола било пријавено од стана на сопруга дека се случил физички напад од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2021 51 жена од Битола пријави дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал во нивниот дом во Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »