Press "Enter" to skip to content

Утрово “Руска црква“ го одбележа упокојувањето на Св. Јован Шангајски кој богослужел во оваа црква (фотогалерија)

-Денес, 2 јули, храмот “Св. Троица“ во Битола, осветен на светото тројство, Отецот, Синот и Светиот дух“ кај битолчани попознат како “Руска црква“ го слави и одбележува денот на упокојувањето на Св. Јован Шангајски – Санфранциски, кој во почетокот на минатиот век богослужел во оваа црква.

-Утрово во негова чест во црквата се одржа богослужба, се свети вода, се “крена лепче“ и се подели храна, а присуствуваа голем број верници од овој дел на Битола, но и од други населби.Голем број битолчани, верници, оние кои редовно доаѓаат во “Руската црква“ и и голем број намерници имаше денес на богослужбата која ја предводеше  отец Никола Грамбозов. заедно со други свештеници. Богослужбата започна рано, а потоа се одржа света причесна, се свети вода, се “крена лепче“ прво на кумовите, а потоа и на останатите, за здравје, но како и минатата гдина не се подели храна.Дека во храмот има домаќинка се гледа уште на влегувањето во дворот кој е украсен со многу цвеќиња, а вредните раце на домаќинката Вера Зајакова и нејзините пријателки храмот го одржуваат како свој дом со беспрекорна чистота, а скромната Вера не сака многу да зборува за себе, туку едноставно ни вели кажете за светецот и храмот, за за него со должна почит верниците велат:-Денес го славиме упокојувањето на Св. Јован Шангајски кој до 1932 година богослужев во овој храм, кој битолчани го знаат како Руска црква. Св. Јован бил професор по богословија и бил пратен тука во Битола и бил голем молитвеник и испосник. Потоа откако заминал од Битола бил испратен во Кина, Шангај, а оттаму во Европа за да се упокои во Америка, каде вчера и денес се одржуваат големи прослави, велат верниците кои се поклонуваат на одеждата на Св. Јован која се наоѓа во храмот и се чува како реликвија, а пред неа секогаш има свежо свеќе и фотографија од светецот.Инаку, додава Вера дека полека се средува храмот со донации од верниците и се доуредува малата црква, дворот и помошните простории.Во Руска црква за неа можат да се слушнат само пофални зборови и тоа дека таа е најзаслужна за сегашната состојба на храмот и дека од неа е иницијативата за славење на Св. Јован Шангајски, осма година по ред.А, куми покрај Вера која е дел од црквата и прва кума, на денешното одбележување беа  битолчанки, Виолета, Божица, Славица со ќерката Спасенка и уште една Виолета, кои ги послужијаверниците во Руската црква со пченица и со лепче и со други подароци.-Ова е голема чест за мене да бидам една од кумите заедно со останатите во храмот на одбележувањето на денот на упокојувањето на Св. Јован Шангајски, а се помолив за здравје на моето семејство и на сите битолчани. Чувтството е преубсво да бидеме дел од оваа богослужба за светецот, да принесеме нешто, ни рече една од кумите Виолета Секувовска од Битола.Денес се одбраа и кумите за идната година, а меѓу нив е и Александра Димова, која за кумството ни рече:-Господ ја нареди работата, да бидам кума. Случајно поминав тука, влевов во црквата, а во тој момент отецот прашува дали некој се пријавува за кума. Веднаш реков дека јас ќе бидаме една од нив, за што многу сум радосна и едвај ќе го чекам кумството в година.Инаку, карактеристично за смртта на Св. Јован Шангајски е тоа што се упокоил откако отслужил богослужба на денешен ден, 2 јули, 1966 година во Сиетл, Соединети американски држави каде се и неговите мошти, а дел од петата кој отпаднал се наоѓа во манатирот “Св. Јован Бигорски“.

Текст и фото: Сашо Ристевски