Press "Enter" to skip to content

Во Битола вчера еден, денес двајца позитивни на ковид-19, нема оздравени пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 3.028 тестирање, а регистрирани се 6 нови случаи на ковид-19, и тоа во Битола 2, а вчера еден позитивен.

Денес, не се регистрирани оздравени пациенти, а вчера имало 2 оздравени пациенти.

Денес во Битола има 6.309 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 6 случаи.

Не се регистрирани починати лица.

Направени се 3.028 тестови преку ЦЈЗ Битола 49 и преку “Плодност“ 34.

Досега во земјата се направени вкупно 887.621 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 153.

More from ВестиMore posts in Вести »