Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска наместо на “полуматура“ на подготовки на глечер во Австрија (фото)

Ева Милевска под водство на Наташа Бокал тренира по три пати на ден на глечер во Австрија, а добра вест е дека и оваасезона ја продолжи соработката со “Елан“ скиите.

И додека врсниците на младата скијачка од Битола, Ева Милевска, членка на скијачкиот клуб Пелистер од Битола се подготвуваат за полуматурска другарска забава, Ева неуморно тренира со најдобрите на глечерот Хинтертукс во Австрија. Милевска подготовките за наредната сезона 2021/22 ги започна пред два месци, односно без пауза и одмор од претходната сезона. 

Ева Милевска започна со кондициските тренинзи во друштво со атлетичатите, а според тоа како работеше, доста напорно и систематски, таа како вели е задоволна е од овогодишната подготовка и изработените таканаречени кондициски тренинг со атлетичарите, а кондиционо подготвена отпатува на подготовки во Австрија, на глечерот Хинтертукс.

Тренингот е под водство на една од некогашните најдобри скијачки на Словенија, Наташа Бокал со најнадежните младинци во скијањето од таа земја. Милевска за тоа како се одвиваат подготовките вели:

-Многу е напорно секако, некогаш тренираме и по 3 тренинзи на ден, почнуваме со трчање сабјле, па тренинг на снег до пладне и попладне уште еден сув тренинг. Но, не се жалам, напротив се чувствувам привилегирана да тренирам под водство на Наташа Бокал,  ни изјави Ева Милевска.

Да потсетиме, Наташа Бокал е една од најдобрите словенечки скијачки. Активна беше во деведесетите години, а специјалност и беше слалом. Има освоено три подиуми на Светски куп и сребрен медал на Светско првенство.

More from ВестиMore posts in Вести »