Press "Enter" to skip to content

Најинспиративни професори на УКЛО, убедливо, најмногу пофалби за проф. д-р Горан Илиќ

На “он-лајн“ анкетата спроведена од академскиот портал “Факултети.мк“ за тоа кои се најинспиративните професори на државните универзитети, убедливо, најмногу пофалби доби проф. д- р Горан Илиќ, актуелен декан на Правниот факултет во Битола, членка на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола. Според анкетата, оригинални се пофалбите од студентите кога избирале најинспиративни професори, пренесува порталот. Меѓу другото, тие се оценети како кул професори кои работат како машина и според студентите, тие ќе им бидат пример до крајот на животот.

За професорот д-р Горан Илиќ студентите се изјасниле дека е евидентна неговата желба и заложба студентите да го добијат потребното знаење. Меѓу повпечатливите одговори поврзани со неговиот реномиран статус за најинспиративен професор е ставот на студентите дека тој е одличен професор со висока елоквентност и исклучителен пристап кон студентите.

Исто така, во прилог на неговата респектабилна професорска и стручна позиција студентите констатирале дека проф. д-р Горан Илиќ и за време на “он-лајн“ наставата со максимална посветеност го зачува нивното внимание, применувал различни техники и алатки за да го задржи интересот кон темата. Исто така, во прилог на пофалбите ја посочиле и интеракцијата што се остварува на релација професор – студенти, што за нив е посебно важно бидејќи претставува поттик за понатамошно усовршување и јакнење на културата на квалитет.

Според анкетата, меѓу професорите кои се пример за своите студенти од УКЛО е посочена и доц. д-р Бисера Костадиновска- Стојчевска од Педагошкиот факултет. Порталот пренесува дека студентите ја опишуваат како добар предавач што умее на едноставен начин да го пренесе знаењето, нуди помош и има другарски однос со студентите.