Press "Enter" to skip to content

Ординација “Д-р Чипуровски“: Аортна инсуфициенција

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме болестите кои се откриват со најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите  постои голема заинтересираност.Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за вродени транспозиции на големи крвни садови на срцето, за што вели:

-Aoртна регургитација вродена или стекната аномалија на аортните залистоци која се карактеризира со враќање на крв по време на систола на лева комора од аортата во левата комора. Етиолошки причинители можи да бидат вродени аномалии како бикуспидна аортна валвулa, Марфанови синдром, реуматска треска, атеросклеротични промени, аортна дилатација итн.

Клиничката презентација е во зависност од степенот на регургитација од асимптоматска до болки зад градна коска, срцебиење, малаксаност, висок систолен а низок дијастолен притисок, постоење на дијастолен шум на ниво на точката на Боткин-Ерб, Corigan-знак со јаки пулсации на југуларните вени на вратот, Quinke знак со притискање на врв на ноктите и промена на блефило со црвенило.

Ехокардиографски постои зголемување на дијаметар на v.contracta над 3 мм, турбулентност на проток на ниво на аорта на collor doppler, ширина на џет во LVOT над 25 %,итн.

Оперативниот третман е итен кај акутна аортна регургитација поради руптура на залисток после ендокардитис за разлика од хроничната аортна регургитација кај која замена на аортни залистоци е  индицирана кај симптоматски пациенти, кај асимптоматски со пад на E.F под 50% доколку има пад на ежекционата фракција под 30% тогаш треба да се направи само срцева трансплантација, кај пациенти со значајна левивентрикуларна дилатација LVEDV над 70 мм и LVESD над 50 мм исто се врши оперативно имлантирање на аортна протеза.